9. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Полнете резервоари: Од полноќ поскап бензин и дизел

Регулаторна Комисија за Енергетика одлучи повторно по празниците да ја зголеми цената на горивата во Македонија.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,12%. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 15.04.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 15.04.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,078 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 15.04.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 34,377 ден/кг.

Овие цени важат две недели од одлуката, од ноќеска на полноќ.

Можеби ќе ве интересира

УЈП продаде запленет стан во Охрид, деловен простор во Струмица, земјиште во Прилеп – вкупно инкасирале 314.230 евра

ДЕСК

Кина речиси ги престигна САД, станува главен трговски партнер на Германија

C +

Инфлацијата ја изеде платата на македонскиот работник – Како преживуваат граѓаните со минималец?

ДЕСК