13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Чествување на Свети Кипријан Слепченски

Манастирскиот храм Свети Јован Претеча, Слепче, денеска по трет пат е свет престол на годишнината од свирепата и маченичка погибија на Свети Кипријан Слепченски.

Свечена церемонија на која присуствуваше градоначалникот Стојановски, и имаше воведно обраќање

„Денес, на третиот ден од празнувањето на Велигден, и 239 годишнината од Светикипријановата погибија, повторно се чувствувам почестено со можноста кратко да се обратам и да Ве поздравам, но и да Ви го честитам најголемиот христијански празник Велигден со желба, празничната атмосфера и креативната Воскресенска и Светикипријанова сила што води кон нови дела, да Ве охрабрат и духовно да ве поттикнат во совладувањето на секојдневните животни искушенија и предизвици.

Со огромна духовна радост, денеска ја одбележуваме втората годишнина од канонизацијата на игуменот Кипријан, односно од прогласувањето во Свет Свештеномаченик Кипријан Слепченски, демирхисарски.

Очекувам и се надевам, исто така дека, во партнерство со надлежната Преспанско – пелагониска епархија и неговото Високо преосвештенство, Митрополит Петар, а особено со преподобната манастирска обител, ќе градиме заеднички концепт за што подостоинствено одбележување на овој ден“, истакна Стојановски.

Исто така, во оваа значајна пригода градоначалникот упати јавна благодарност до Советот и до сите советници што ја прифатија оваа иницијатива и неговиот предлог за да се донеси едногласна одлука, св. Кипријан Слепченски да биде прогласен за заштитник, покровител и патрон на Демир Хисар.

-Јас верувам во тоа бидејќи силен потпорник имаме во ликот на горештиот молитвеник – светиот великомаченик Кипријан Слепченски, демирхисарски, додаде градоначалникот Стојановски.

Спонзорирано: