23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Гласот за Сиљановска е глас за насилниците, да не се повтори 27 ми април, да не дозволиме да се врати режим, порача Костадинов

Пред точно две години, на 27-ми април, овде во Собранието се случи најцрниот ден во историјата на демократијата во нашата држава, рече Костадин Костадинов од СДСМ.

– Насилници под контрола на ВМРО-ДПМНЕ упаднаа во Собранието и се обидоа да убијат пратеници, новинари, да ја загрозат демократијата и уставниот поредок.

За само две години нашата татковина ја живее слободата и демократијата, има свое место во НАТО и на чекор до датум за ЕУ.

27-ми април не смее никогаш да се повтори, затоа, не смееме да дозволиме повторно да се врати режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

Христијан Мицкоски и неговата кандидатка Гордана Сиљановска не само што не го осудија насилството, туку се ставија во одбрана на насилниците и криминалците.

Згора на тоа, Сиљановска е директно поддржана од осудени насилници за настаните од 27 април, како Игор Југ и Јане Ченто, осудени за терористичко загрозување на уставниот поредок.

На овие избори гласот за Сиљановска е глас за насилниците од 27 април, глас за режимот на Груевски и насилството на ВМРО-ДПМНЕ.

На државата тоа не и треба. Граѓаните не смеат и нема да дозволат на чело на државата да застане некој кој е поддржан од криминалци и насилници.

Затоа, на 5 мај граѓаните ќе ја потврдат предноста на Стево Пендаровски и ќе дадат масовна поддршка за неговиот концепт што води напред.

Нашата Македонија ќе добие вистински претседател на сите граѓани кој нема да брани криминал, туку ќе се залага за правда и еднаквост пред законите, вели Костадинов.