23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Економските придобивки ќе дојдат брзо да продолжиме по вистинскиот пат, се друго е враќање кон мрачно минато!

„Бројката на неврабоитеност е 19.4 %. Платите растат и ќе продолжат да растат. Бргу ќе дојде време кога граѓаните ќе можат да бираат работа и да напредуваат во кариерата. Тие економски придобивки ќе дојдат ако го следиме овој пат. Сето друго е враќање кон мрачното минато и кон нови кавги и назадување. За неполни две години се сменија многу работи наспроти 11 годишно разнебтување на државата од страна на ВМРО ДПМНЕ“ порача Заев на граѓанската трибина на кандидатот за претседател Стево Пендаровски којашто се одржува денеска во Прилеп.

„Силата е во заедништвото и затоа одиме напред кон иднината. Да излеземе и масовно да пружиме поддршка на овој концепт на кандидатот за претседател Стево Пендаровски кој обединува. Сите го знаеме Стево. И во 2014 година се бореше за ова денеска што го оставруваме. Учеше како треба од Киро Глигоров и ги советуваше Бранко Црвенковски и Борис Трајковски. Од Ѓорѓе Иванов видовме како не треба.  Стево е вистински човек на вистинско место. Стево ќе влече напред и ќе обединува. Стево обединува, Силјановска влече назад. Таа ќе биде кочница во комисиите на ЕУ и меѓународната заедница“, рече Заев.