24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Владата го задолжи Министерството за одбрана да ги реализира подготовките за мултилатералните консултации со НАТО за финализирање на PARP Проценката 2019

На оваа своја 131 седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за Планирање и проценка (PARP), согласно редовната обврска за планирање на одбранбените капацитети на Република Северна Македонија за 2019 година, и го задолжува Министерството за одбрана да ги реализира подготовките за мултилатералните консултации со НАТО за финализирање на PARP Проценката 2019 на Република Северна Македонија до 30 јуни 2019 година, до кога овој документ треба да биде доставен во Главниот Штаб на алијансата во Брисел.

За имплементацијата на преземените обврски, Министерството за одбрана треба да ја информира Владата на РСМ најдоцна до 31 јули 2019 година.