Centar.mk
БИЗНИС

Владата ќе формира комисија која ќе додели договор за изградба на систем за дистрибуција на природен гас низ цела Македонија

На седницата одржана денеска, Владата донесе Решение за формирање на Kомисија за спроведување на постапката за доделување на Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на нов систем за дистрибуција на природен гас на територијата на Република Македонија.

Комисијата има за цел да ја спроведе целокупната постапка за доделување на договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија по пат на јавен повик за избор на јавен партнер со постапка на конкурентен дијалог со е–аукција, односно да го подготви јавниот повик, тендерска документација, вклучувајќи го и нацртот на договорот, и да изврши евалуација и изготви извештај за евалуација на понудите како и да достави до Владата предлог за избор на најповолен понудувач за избор на јавен партнер за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија или предлог за поништување на постапка.

Можеби ќе ве интересира

Започнуваат ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и САЕМОТ ЗА НЕДВИЖНОСТИ 2026 од 29 до 31 октомври

ДЕСК

Македонија ја претстави 20-годишната стратегија за минерални суровини во Загреб – договорена соработка за геотермална енергија

ДЕСК

Серафимовски: Очекуваме просечната откупна цена на тутунот да надмине 420 денари за килограм

ДЕСК