23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Двојно убиство во Македонија – Ова се првичните детали

Татко и неговиот осумгодишен син се пронајдени мртви во автомобил во близина на кумановското село Слупчане. Според информациите од кумановското обвинителство, во нив било пукано додека биле во автомобил, а сторителите не се познати.

„Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид во близина на село Слупчане каде синоќа беше пронајдено возило кон кое биле истрелани повеќе куршуми. На увидот беше констатирано дека од близина е пукано во патничкото моторно возило во кое се наоѓале две лица, возач и неговото осумгодишно дете. Двете лица биле смртно повредени и починале на самото место“, соопштија од Обвинителството.

На местото биле пронајдени и подигнати поголем број испукани чаури преку чие вештачење се очекува да се утврдат битни факти за убиството. Ќе биде извршено вештачење и на возилото на кое се видливи повеќе траги од напад со огнено оружје. Издадена е и наредба за вршење обдукција на телата на починатите.

Од Основното јавно обвинителство Куманово наведуваат дека се преземаат дејствија со цел целосно расчистување на настанот.