8. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Јанушев: Водиме во голем број места

„Радувај се Македонијо, правдата доаѓа. ВМРО-ДПМНЕ победува. Гордана ќе биде“, со овие зборови генералниот скеретар на партијата, Игор Јанушев, ја почна првата прес-конференција по денешното гласање за претседател на државата.

Водиме во огромен број места, рече Јанушев.

„По 43 отсто обработени податоци, водиме во Битола, Велес, Кавадарци, Кичево, Кочани, Неготино, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Штип, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, Пехчево, Јегуновце, Градско, Вевчани, Могила и Ѓорче Петров“, рече тој.

Јанушев истакна дека ВМРО-ДПМНЕ победила во Илинден, Лозово, Радовиш…

„Вечерва победува правдата во Македонија. Македонската пролет се случува“, рече генералниот секретар на опозициската партија.

Со гласни извици „ВМРО-ДПМНЕ“ и „Македонија“ членовите на Унијата на млади сили на партијата го пречекаа Јанушев во прес-салата.

Меѓу присутните беа и Марјан Додовски, Самоил Малчевски, Марјан Додовски, Косана Мазнева…

Можеби ќе ве интересира

Димковски: Лозарите мака мачат, ВМРО-ДПМНЕ да го прифати решението на СДСМ за дополнителни 3 денари за килограм грозје

C +

СДСМ до ВМРO-ДПМНЕ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?

C +

СДСМ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?

C +