Centar.mk
СВЕТ

Ердоган: Муслиманските земји треба да ја водат обновата на Појасот Газа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека верува оти е клучно муслиманските нации да ја преземат водечката улога во обновата на Појасот Газа, објави „Тајмс оф Израел“.

Ердоган ја истакна својата доверба во посветеноста на Хамас да го почитува договорот.

„Хамас изгледа доста решен да се придржува до договорот за прекин на огнот“, рече тој нагласувајќи дека е од суштинско значење Организацијата на Исламската конференција да игра водечка улога во обновата на Газа.

Во меѓувреме, прекинот на огнот останува кревок, при што двете страни, Израел и Хамас, се обвинуваат меѓусебно за прекршувања.

Израелската страна тврди дека нејзините сили одговориле само на директни закани од палестински оперативци. Израел исто така инсистира дека Хамас го прекршува договорот со тоа што не ги враќа сите тела на заложниците што останале во Појасот Газа./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ТУРЦИЈА БАРА ПОСИЛНА ГЛОБАЛНА КЛИМАТСКА АКЦИЈА – Ердоган испрати порака од самитот COP31

ДЕСК

БРИСЕЛ БАРА МЕСТО НА ПРЕГОВАРАЧКАТА МАСА – Европа не сака договор за Украина без нејзино учество

ДЕСК

ТРАМП НЕ ИСКЛУЧУВА ВОЕНА АКЦИЈА ПРОТИВ ИРАН – Вашингтон испраќа ново предупредување

ДЕСК