Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ уште пред да заврши гласањето за претседателските избори почна да се полни со партиски членови и поддржувачи. Пред 19 часот подмладокот од ВМРО-ДПМНЕ влегуваше и излегуваше од партиското седиште во очекување на изборните резултати.
Многуте новинарски екипи се позиционираа во прес-салата во очекување на првата прес-конференција на опозициската партија. Во очекување на резултатите, првиот прес е најавен со начелна оценка за изборниот ден. Партиските претставници сè уште не се дојдени.