Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Граѓаните треба да бидат гласни против лагите, корупцијата и нечесните политичари, наспроти честитоста, искреноста и принципиелноста

По литургијата во црквата „Свети Петар и Павле“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со својата сопруга, го оствари правото на глас.

-Денеска е ден кога граѓаните треба да бидат гласни, со ливчето и пенкалото во рака позади гласачката кутија, масовно да излезат и да одлучат еднаш засекогаш да бидат поразени неправдите во Република Македонија. Да победи правдата. Граѓаните треба да бидат гласни против лагите, корупцијата, невладеењето на правото, немањето на демократија во државата, нечесните политичари, наспроти честитоста, искреноста и принципиелноста, рече Мицкоски.

Посочи дека очекува ова да биде демократски ден, со масовна излезност на изборите.

-Посакувам успешен ден, ден во кој ќе победи демократијата во Република Македонија, порача Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Државата ќе дели по 3.000 денари месечно на ранливи категории граѓани?

ДЕСК

Граѓаните се навикнаа да се откажуваат: Прво од луксуз, потоа од нормален живот

ДЕСК

ДРАМА КАЈ ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР СРЕДЕ БЕЛ ДЕН: Маж пријавил напад, едно лице имало остар предмет

ДЕСК