Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Силјановска: Кампањата се обидов да ја обојам женски, со знаење, со посветеност, со аргументи

Професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Република Македонија, денес го оствари своето право на глас.

По гласањето таа даде изјава за медиумите во која говореше за очекувањата од изборите и за текот на кампањата.

-Ова се посебни избори, не затоа што јас сум кандидатка и не затоа што за првпат жена има шанса да биде претседател на Македонија, туку заради условот. Ние треба да го докажеме европскиот реформски, демократски капацитет со фер и демократски избори. Тоа не е многу вообичаено во дваесет и првиот век, но се надевам дека ќе излеземе конечно од транзицискиот лавиринт и дека ќе влеземе во демократската транзиција. Кампањата се обидов да ја обојам женски, со знаење, со посветеност, со аргументи. Да докажам дека ние жените имаме посебни квалитети и посебен начин на менаџирање на проблемите. Мислам дека беше успешна кампањата. Очекувам да влезам во вториот круг, доколку се случи да не влезам ќе гласам за господинот Река заради стручноста, компетентноста и граѓанската ориентација, порача таа.

Можеби ќе ве интересира

ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ – Нов закон треба да овозможи жртвите да бидат предупредени за опасност

ДЕСК

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК