23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Локални избори во Охрид, Дебар и Ново Село

Заедно со претседателските избори денеска се одржуваат и предвремени локални избори за градоначалници на Охрид, Ново Село и Дебар. Според Избирачкиот список на ДИК, за предвремените локални избори во Охрид право на глас имаат 52.303 граѓани, во Дебар 18.625 и во Ново Село 11.365 граѓани.

Во Охрид и Дебар изборите за градоначалник се распишаа поради ненадејната смрт на градоначалниците Јован Стојаноски и Ружди Љата. Во Ново Село ќе се избира нов градоначалник, откако Боро Стојчев поднесе оставка откако беше осуден на затворска казна.

Вториот круг на предвремените локални избори за трите општини ќе се одржи заедно со претседателските на 5 мај.