Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ДИК: До 10 часот гласале 97 213 избирачи, одѕивот е 6,19 %

До 10 часот на гласање излегле 97.213 избирачи од вкупно запишаните 1 808 131.

Одѕивот до 10 часот е 6,19 %. Најмалку гласачи – 0,97 излегле во Липково, а најмногу 11,48 во Свети Николе.

Навреме се отворени сите гласачки места со исклучок на едно гласачко место во Боговиње каде имало задоцнување од еден час и за толку ќе биде продолжено гласањето. Во Студеничани каде и по три часа гласачкото место не е отворено и со оглед дека отворањето доцни повеќе од три часа, таму гласањето денеска нема да се одржи.

,,Откако ќе се соберат резултатите ќе се одлучува дали ќе има прегласување. Има 60-70 гласачи на избирачкото место 2344 и во зависност од тоа дали ќе влијаат на конечниот резултат ќе се одлучи дали ќе има прегласување на тоа избирачко место”, велат од ДИК.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со детали од новиот Закон: Сите тендери и јавни набавки ќе се водат преку блокчејн платформа

C +

Мицкоски: Пуштен е во употреба новиот градски пазар во Општина Виница

C +

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +