24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОРТОП ВЕСТИ

Изборите во финиш: Кој ќе биде Претседател на Република Северна Македонија?

Изборите за Претседател во Република Северна Македонија влегуваат во самиот финиш, а граѓаните имаат избор од тројца кандидати.

На претстојните избори кои ќе се оддржуват во недела на 21. април 2019-та година со почеток во 19 часот, а кутиите ќе бидат затворени во 19часот, ќе се гласа за следните кандидати:

1. Блерим Река, Алијанса на Албанците
2. Гордана Сиљановска Дафкова, ВМРО ДПМНЕ
3. Стево Пендаровски, СДСМ и ДУИ

 

Невообичаено мирна и смирена кампања

Дали невообичаено мирната и смирена кампања може да навестува дека не’ очекува мирен и фер изборен ден?

Во оваа кампања за разлика од многу претходни видовме доста фер игра, што беше мисловна именка за време на владеењето на режимот кога се случуваа нерегуларни работи и местенки кои сите сакаме да ги заборавиме.

Овие избори се клучен предуслов за почеток на преговорите на Северна Македонија во Европската Унија.

 

За победа во прв круг еден кандидат треба да освои над  50 отсто од гласовите + 1 глас

Во избирачкиот список, кој сега е заклучен, право на глас имаат 1.808.131 гласач.

Ако се земе во предвид членот 81 од Уставот, за избор на Претседател потребни се 50 отсто од гласовите + еден глас, а во случајов еден кандидат ќе треба да освои речиси невозможни 904.066 гласови.

Ако се земе во предвид искуството од минатите претседателски избори, ниту еден кандидат за Претседател до сега не победил во првиот круг, па така извесна е можноста да има втор круг за гласање.

Во вториот круг ќе влезат двајца кандидати кои ќе освојат најголем број од гласовите.

Согласно членот 121, став 3 од Законот за Избори, во вториот круг ќе победи кандидатот кој ќе освои мнозинство гласови, но само под еден услов – на изборите да излезат 40% плус 1 гласач, односно во случајов практично треба да се дојде до бројка од 723.253 гласови.

 

Што доколку не се избере Претседател поради немање на цензус?

Во случај во вториот круг да не се постигне цензусот од 40 отсто, тогаш се повторува постапката за избор на Претседател, според член 122 од изборниот законик на Република Северна Македонија.

Исто така до Претседател може да се дојде и со политички договор, а најавите се дека доколку нема цензус, можна е промена на Уставот и укинување на цензусот за избор на Претседател на РС Македонија или пак избор на Претседател во Собрание.

Спонзорирано: