16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Инспекциски контроли во маркетите, продавниците и месарниците во пресрет на Велигден

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во пресрет на велигденските празници и зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи вршат засилени контроли кај операторите со храна во производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата на храна, информираат од Агенцијата.

Со контролите се опфатени маркетите, угостителските објекти, специјализираните продавници за јајца, како и месарниците и зелените пазари.

Од АХВ најавија дека ќе се проверува дали и колку операторите со храна ги исполнуваат општите и посебните услови за безбедност на храната кои се однесуваат на нејзино чување, одржување на ладниот синџир во транспортот и прометот, како и тоа дали означувањето на храната е во согласност со одредбите од Законот за безбедност на храната и Правилникот за информации поврзани со храната.

Инспекторите за храна ќе вршат контроли и на безбедноста на бојата за јајца која се продава во регистрираните објекти за продажба на храна и на зелените пазари.

Со контролите ќе бидат опфатени и производителите, увозниците и трговците со бои за јајца, односно кај нив ќе се врши проверка дали боите за јајца ги исполнуваат одредбите од Законот за безбедност на храната и Правилникот за адитивите кои се употребуваат во производството на храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство упати апел до граѓаните да купуваат храна, вклучително и јајца и бои за јајца исклучиво од регистрирани производители/увозници, која е соодветно означена/декларирана.

Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, вклучително и на производството и трговијата со јајца и боја за јајца граѓаните можат да ја пријават во Агенцијата лично, телефонски на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk.

Можеби ќе ве интересира

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК

СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Објавено метео предупредување

ДЕСК