Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

На Денот на планетата Земја во скопската зоолошка час за значењето на дивиот свет

Министерството за животна средина и просторно планирање в понеделник (22 април) ќе се вклучи во активностите за одбележување на Денот на планетата Земја, кои, во организација на Град Скопје, ќе се одржат во Зоолошката градина во Скопје.

Од надлежното министерство информираат дека предвидените активности ќе почнат во 10:15 часот, со краток екочас во Едукативниот центар на Зоолошката градина на тема „Вредноста на дивите видови“, што ќе го одржат претставници од Министерството.

„Одржувањето на екочасот е во контект на основната порака на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC), според која едукацијата за влијанието на климатските промени, преземањето акција и заедничкото дејствување за заштита на биодиверзитетот, како и одржливиот развој, го подобруваат здравјето и благосостојбата на целата заедница“, се наведува во соопштението.

Во рамки на активностите предвидено е и хортикултурно уредување на катче од Зоолошката градина со садење садници од страна на ученици од скопската гимназија „Орце Николов“ и штитеници од Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака“.

Настанот е подржан од ЈП „Паркови и зеленило – Флораком“, Зоолошката градина од Скопје и од организацијата Cities for Forests, која на глобално ниво дејствува на подигање на свеста за значењето на шумите.

Тема на овогодишното меѓународно одбележување на Денот на планетата Земја е „Заштитете ги нашите видови“ (Protect Our Species) и има за цел да едуцира и да ја подигне свеста за брзото намалување на популацијата на растенија и диви животни предизвикано од човечки активности.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +