Христијан Мицкоски ме спомнал на митинг, зборувал околу некаква смотра, па да му одговорам, напиша на социјалните мрежи Костадин Костадинов од СДСМ.
– Делегираниот послушник Христијан Хидро Мицкоски се однесува небаре учествувал во Втората светска војна па дели лекции за тоа што е воена служба.
Мицкоски може да дели совети само за неговото слугување кај неговиот татко, како асистент.
Стражата сите ние знаеме како ја разбира Мицкоски, како чувар на столче, и одбрана на криминалот на Никола Груевски.
Тој тоа добро го знае затоа што редовно оди на смотра во Будимпешта.
Клучното прашање кое не го знае Мицкоски е како и се служи на државата, тој е прегазен од служењето на Груевски.
#некатрепка, напиша Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ реагирајќи на синоќешната прозивка од Мицкоски.