Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Пендаровски: Убеден сум дека на 21 април ќе направите правилен избор и ќе гласате за број 3, да продолжиме заедно напред

Интегрално ја пренесуваме изјавата на Стево Пендаровски, претседателски кандидат на СДСМ:

Во недела, вие со вашиот глас одлучувате за сопствената иднина, за сигурна иднината на нашите деца и за стабилна иднината на нашата држава.

Овие избори се многу важни. На овие избори имате шанса да ја запечатите промената и да потврдите дека сте цврсто определени да продолжите напред.

На овие избори има шанса да порачате дека сакате да ги затвориме сите отворени прашања кои не влечеа надолу и држеа во изолација, дека сакате нашата земја да се интегрира во НАТО и Европската унија и дека избирате сигурен економски напредок и безбедна држава.

Почитувани граѓани,

Во недела сте исправени пред јасен и недвосмислен избор.

Од една страна можете да гласате Силјановска и со тоа да гласате всушност за Груевски и Мицкоски. Со тој глас вие гласате за враќање назад, за нови поделби, блокади и изолација.

Или пак да гласате за мене и да ги поддржите политиките на единство, мир, стабилност и сигурен економски напредок.

Овој избор е многу важен. Јас сум убеден дека сите вие одговорно ќе гласате.
Јас длабоко верувам во вас и знам дека ќе направите правилен избор.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Позитивните економски параметри, потврдени и од Евростат, им сметаат на СДСМ, затоа што нивно време граѓаните живееја потешко, економијата стагнираше, инфлацијата рушеше рекорди

ДЕСК

ЌЕ ПЕЧЕ СОНЦЕ, А ПОТОА ЌЕ ТРЕШТИ НЕБОТО: Следува променливо и нестабилно време

ДЕСК

СЕ КРЕНАЛА ВРЕВА ВО ВИЗБЕГОВО: По расправија дошло до физичка пресметка меѓу двајца мажи

ДЕСК