23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Мицкоски во Пехчево: Само лани 100.000 граѓани се иселиле од земјава

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со жителите на општина Пехчево. Мицкоски истакна дека и во Пехчево се чувствува заевизмот, кој носи само сиромаштија, немање работа и сè помасовно иселување на младите од Македонија додавајќи дека ова мора да заврши што побргу и дека на граѓаните треба да им се обезбеди сигурна иднина во сопствената татковина, а тоа е можно само со заминување на Заев и СДСМ од власт.„

„Податоците говорат дека само лани 100.000 граѓани се иселиле од нашата земја. Тоа е вистинско опустошување, кое е последица на незнаењето на власта и нејзината неспособност. Гласот за Пендаровски е глас за Зоран Заев и за опустошена Македонија. Затоа, овие избори се многу повеќе од само претседателски избори. Овие избори се за Македонија и нејзината иднина“, вели Мицкоски.

Според него, овие избори не се само претседателски избори, туку и можност за отворање на вратата за нови предвремени избори, а тоа е можно само доколку Гордана Силјановска-Давкова победи на претседателските избори.

„Затоа, овие претседателските избори не се само обични претседателски избори, туку овие претседателски избори, по победата, убедливата победа на Гордана Силјановска-Давкова, ја отвораат вратата за следни предвремени парламентарни избори. И не дека Зоран Заев така вети, дека кога нивниот избраник Пендаровски Стево ќе изгуби на овие претседателски избори, па ќе распишеме предвремени парламентарни избори, туку едноставно затоа што така народот сака, а народот денеска во Македонија, на улиците, булеварите, на плоштадите, во домовите, силно кажува, нè шупути, како што некој милува да каже, туку силно кажува, вели дека на 21 април, а потоа на 5 мај, жена ќе биде претседател на Републиката, Гордана Силјановска-Давкова е идниот претседател на Република Македонија“, потенцира Мицкоски.