5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Стево Пендаровски го крена Штип на нозе: Видео од митингот оддржан вечерва

Стево Пендаровски, претседателски кандидат на СДСМ вечерва од Штип порача дека на овие избори изборот е меѓу два концепта.

– Едниот ја носи земјава во развиениот свет и претставува гарант дека тоа така ќе биде за век и векова,а другиот во темното минато, во мрачниот транзиционен тунел, рече вечерва од Штип претседателскиот кандидат Пендаровски.

Пред големиот број на присутни Пендаровски порача дека граѓаните не смеат да го отфрлат концептот каде сите ќе бидат рамноправни без разлика на етничка или верската определба.

Пендаровски порача дека друга алтернатива, освена ЕУ и НАТО, нема.

На опозицијата и порача дека е закопана во 19-тиот век, дека нивниот националистички концепт вели дека се што оваа влада има направено добро во последните две години, дека се ќе поништат и се наново ќе фатат, но не кажуваат на кој начин ќе го направат тоа.

Пендаровски предупреди дека ако повторно и се даде шанса на таа опција нема да видиме ни Е од Европа, ни Н од НАТО.

– Ќе не блокираат веднаш и ќе не стават во замрзнувач. НИе ќе бидеме тргнати на страна и воопшто нема да зборуваат за нас, потенцираше Пендаровски.