Гордана Сиљановска покажа дека не си го познава народот, бега од граѓаните, не ја почитува ниту јавноста, ниту новинарите, порача Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.
– Покрај ова, Сиљановска покажува дека не ги познава клучните прашања под директнанадлежност на Претседателот на државата.
Сиљановска сака да стане врховен командант на вооружените сили а не го знае бројот на војници во Армијата.
Крјано неодговорно, несериозно и големо незнење на тема директно поврзана со безбедноста на државата.
Северна Македонија не смее да си дозволи да има врховен командант на војската кој нема основни познавања, клучни за безбедноста.
Недозволиво е некој кој сака да биде врховен командант да не знае со колкава армија располага.
Таквото непознавање може негативно да влијае врз безбедноста на државата и нејзините граѓани.
Сиљановкса не е достојна да ја извршува функцијата за која се кандидира.
Затоа, во недела на 21 април, а потоа и на 5 мај граѓаните ќе одберат виситнски претседател, вистински врховен командант на кого армијата и македонските војници ќе му бидат во фокусот.
Граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски за вистински претседател на државата и врховен команданр на Армијата, рече Костадинов.