14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Фото) Пендаровски: Навистина се разочарав кога слушнав за потегот на Сиљановска – Стево објави и видео

-Навистина се разочарав кога слушнав дека мојата против кандидатка Силјановска не се појавила на дебатата „Жешко столче“ на телевизија Телма. Верував дека барем во однос на дебатите ќе покаже различна политичка култура од онаа ВМРО-ДПМНЕ, култура на бегање од јавни соочувања со критички настроени новинари.
Разбирам дека во изминатите денови колешката имаше неколку незгодни ситуации и гафови, но бегање од интервјуа не е во ред. Јас од друга страна ја прифатив оваа дебата и овде може да го погледнете моето гостување. Ветувам дека и како претседател ќе бидам секогаш достапен за медиумите и граѓаните, напиша Стево Пендаровски кандидат за претседател, објавувајќи го следното видео:

https://www.facebook.com/806718442674956/posts/2622658667747582?sfns=mo

Инаку како што веќе информиравме, Силановска иако потврдила учество, таа избегна да се соочи со новинарот на Телма.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.