23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Видео: ТВ Телма објави – Сиљановска го откажа Жешкото столче на телевизијата, иако претходно најавила

– Претседателската кандидатка на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Сиљановска го откажа гостувањето во Телевизија Телма, на Жешкото столче.

Иако претходно усно и писмено Сиљановска прифатила да гостува, таа во саботата без никакво образложение го откажала присуството на интервјуто.

Ваквата шанса и можност на ТВ Телма ја искористија останатите двајца кандидати Стево Пендаровски и Блерим Река.

Овој скандал се случува во очи на неделните избори,а ваква практика негуваше поранешниот премиер Никола Груевски кој заедно со неговиот тим во ниту еден случај не се охрабрија да излезат на тв интервју или дуел во критички настроен медиум или пак да се соочат со конкурентската страна.

На социјалните мрежи вие, а со осуда за овој скандал излезе и Владејачката СДСМ.