Колку е тажно да ја гледате катедралата Нотр Дам во пламен!, напиша на Твитер македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, изразувајќи солидарност поради пожарот што попладнево ја голта славната париска катедрала.
„Сета наша солидарност кон францускиот народ и сите католици. Храброст за пожарникарите што се борат да го спасат ова светско наследство“, напиша Димитров на француски јазик на Твитер.
Quelle tristesse de voir la cathedrale Notre-Dame en flammes! Toute notre solidarité avec le peuple français et tous les catholiques. Courage aux pompiers qui luttent pour sauver ce patrimoine mondial. #NotreDamedeParis pic.twitter.com/TbQN0AnVUS
— Nikola Dimitrov (@Dimitrov_Nikola) April 15, 2019