Демократската унија за интеграција вчера одржа изборно собрание на Форумот на жени при што се избра новото раководство, претседателката, потпретседателките, секретарот и членовите на раководството. Говор на овој настан имаше претседателот на ДУИ, Али Ахмети, како и повеќе гости кои беа поканети од Косово и Албанија.
Ахмети рече дека за секое досегашно достигнување заслужна е албанската жена, во секој напредок, во сите напори за слобода, правда и рамноправност, албанската мајка има дадено голем придонес.
„Тука слушнавме претставување на две жени, еден програмски говор на Грида Дума, зборови кои извираат од срцето на мајката за напредок, храброст и организација на албанските жени, го чувме и говорот на Лулиета, кој извираше од длабочината на душата, болките на една мајка. Се упати повик до сите жени Албанки, и покрај тоа што го виделе и го доживеале, егзекуцијата на нивните синови и децата од нивното блиско семејство, да не го изгубат трпението туку да преживеат. Драга Лулиета, јас се трудам мајките да не доживеат болка и плач. Јас се залагам мајките, сестрите и жените Албанки да имаат ист третман во општеството затоа што не треба се заборави и историски да се заобиколи дека жената Албанка е дел од нашата древна и сегашна историја”, рече Ахмети.
Претседателот на ДУИ додаде дека од негова страна и од страната на неговите соработници има потполна поддршка во наредниот конгрес, кој ќе се одржи ова година, жените да бидат претставени од 30 до 40 посто во раководните органи на партијата.
„Ќе бидат претставени во Централниот одбор, претседателството на ДУИ, како и во сите државни институции, било во извршните или законодавните. Има волја од мнозинството претседатели на ограноците, на членовите на Централниот одбор и претседателството. Во ова пригода сакам да им се заблагодарувам на сите коишто придонесоа во организацијата на овој многу важен настан, воедно сакам да им се заблагодарам на вашите најблиски, вашите семејства, сопружници, родителите, мајките, браќата, сестрите, тие коишто ве поддржале да бидете дел од овие важни процеси и да бидете дел од нераздвојната историја на Албанците, затоа што нашата историја не може да се дели помеѓу мажи и жени, туку таа е национална историја и албанската мајка е дел од националната историја во териториите каде што живее”, истакна на крај Ахмети.