Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Автобусите на Пендаровски и Заев останаа полупразни

Граѓаните држат до сопствените чест и углед, па затоа одбија да се качат во автобусите и да дојдат на митингот на човекот кој ги навредуваше нарекувајќи ги „стока“. Автобусите организирани од страна на Пендаровски и Заев останаа полупразни бидејќи народот е за враќање на правдата во Македонија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, расипничкото, криминално владеење на Заев и Пендаровски доведе до најслаба посетеност на нивниот централен митинг вчера во Скопје. Иако главниот град на Република Македонија беше блокиран од автобуси кои СДСМ ги донесе од цела држава, митингот беше дебакл.

„Граѓаните испратија јасна порака дека не ја поддржуваат оваа Влада. Луѓето ниту со сила, ниту со закани, уцени и притисоци не прифатија да бидат искористени за верифицирање на антидржавните политики на Заев и Пендаровски. Народот не сака повеќе да биде манипулиран, лажен и краден. Криминалот, непотизмот, хаосот во земјоделието, фамилијарните бизниси на сметка на државата, катастрофите во земјоделските политики на маката на земјоделецот се олицетворение на СДСМ за овие две години власт.

Стево Пендаровски и Зоран Заев ќе изгубат на овие претседателски избори. Народот ја даде поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и на Гордана Сиљановска-Давкова кога се појави во рекорден број на централниот митинг во Скопје пред Владата на Република Македонија. Јасна е пораката која народот ја испрати до СДСМ и Пендаровски, кои треба да почнат да се подготвуваат за голем пораз. Народот ќе избере жена претседател. На Македонија ѝ треба правда. Татковината повикува”, се додава во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНО ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ КОН ГРЦИЈА – Посебен режим на автопатот Гевгелија – Богородица, еве како се одвива сообраќајот

ДЕСК

11.000 ПОЛИЦИСКИ СЕМЕЈСТВА БЕА ВО НЕИЗВЕСНОСТ – МВР соопшти дека здравственото осигурување е повторно обезбедено

ДЕСК

БРИСЕЛ СО ОСТРА ПОРАКА ДО МАКЕДОНИЈА – „Блокадата не е во ЕУ, туку во самата земја“, порача директорот за проширување

ДЕСК