23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Дескоска не користела службено возило за партиски цели

ВМРО ДПМНЕ е во голем очај, за што потврдуваат лажните вести,министерката Дескоска не користела службено возило за партиски цели, реагираат од СДСМ на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека министерката за правда, Рената Дескоска, денеска на митингот во Скопје била со службено возило.

„Очаен е обидот на ВМРО ДПМНЕ во отсуство на идеи со кои би настапило пред граѓаните, да се користи со лажни вести со цел манипулација на истите. Па така, денес ВМРО ДПМНЕ повторно ја излажа јавноста дека министерката за правда Рената Дескоска користела службено возило за партиски цели,за кое што лично демант до јавноста испрати и самата таа. Ова не е времето на ВМРО ДПМНЕ кога сите државни ресурси се користеа за лични и партиски цели. Тоа време заврши со заминувањето од власт на оваа партија. Денес државните ресурси се користат исклучиво за намената за која се, а тоа во никој случај не се приватни или партиски потреби“, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека разбирлива е нервозата и паниката која владее кај ВМРО-ДПМНЕ, со оглед на тоа дека се свесни дека на престојните претседателски избори ќе доживеат дебакл.

„Колку сме поблиску до денот на изборите ,толку повеќе се нижат лажните вести и измислени сценарија на ВМРО ДПМНЕ“, велат од СДСМ.