15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пендаровски до Силјановска: Како во ЕУ ако сте против договорите со Грција и Бугарија?

Во вечерашната дебата меѓу претседателските кандидати на МРТ, Стево Пендаровски побара став од Гордана Силјановска Давкова како ќе ја внесе Македонија во ЕУ кога таа е против договорите со Грција и Бугарија.

-Интересно е во дебата во дебата, не можеме да добиеме став од Силјановска, како ќе влезете во ЕУ ако сте против договорите со Бугарија и Грција. Ако имате експлицитен негативен став, тогаш вие зборувате само празна политичка реторика, рече Пендаровски.

На ова Силјановска одговори дека како претседател таа сепак ќе ги почитува овие договори.

-Тажно е кога не се прави разлика меѓу Гордана како научник и Гордана како политичар. Како научник ќе ги критикувам недостатоците, но како претседател ќе ги почитувам двата договори, одговори Силјановска.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

ДЕСК

Бузлевски: Време е за Преспа без отпад, со силно земјоделство и туристички развој

ДЕСК

Филипче: Во програмата на Бузлевски никој не е заборавен, со него Ресен повторно ќе се развива

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.