12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Поради здравствени причини Силјановска не присуствуваше на митингот во Крушево

Професорката Гордана Силјановска Давкова на Фејсбук им се обрати на жителите на Крушево, каде вечерва не беше присутна на митингот во рамките на кампањата за претседателските избори.

Силјановска се извини за отсуството и вети дека ќе се дружи со крушевчани во вториот круг на изборите.

-Почитувани, од здравствени причини не бев во можност да бидам присутна на митингот во Илинденско Крушево. Ќе дојдам во вториот круг, ви ветувам.

Во градот херој, ги поздравив бранителите од 2001 година. Со жално срце констатирав дека седум години по Смилковското Езеро, правен епилог нема. Седум години по настанот кој со право може да се нарече терористички, се уште сме без право и правда. Да потсетам што велеше премиерот, има снимки, никој нема да остане неказнет. Но, правото и правдата не стигаат за родителите на убиените момчиња. Како тие да веруваат во правната држава? Затоа ние повикуваме на право и правна држава. Ние ќе сториме се да нема селективна правда, да има владеење на правото, не владеење на група олигарси. Ние нема да се мешаме во судската власт. Ние ќе го оставиме судот да суди. Додека премиерот е претседател на Советот за судски реформи право и правда нема да има.

Спонзорирано: