Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.04/2019 за долгови доспеани до 31.12.2018 и неплатени до 31.03.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:
- повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
- повисок од 300.000 денари за правните лица.
Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
На Листата на должници бр.04/2019 објавени се 1859 должници – правни лица (пoмалку за 130 од претходната листа) и 2226 физички лица (помалку за 80 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.04/2019 изнесува 9.517.248.764 денари, помалку за 396.868.347 денари од претходната листа. Нето долгот за даноци и придонеси изнесува 9.376.977.666 денари (помалку за 395.900.195 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 140.271.098 денари (помалку за 968.152 денари од претходната листа), информираат од Управата за Јавни Приходи.
Листата погледнете ја со клик тука.