20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицијата влезе во објекти во кои престојува велешанец, а таму пронајдени предмети поврзани со кривично дело

Денеска (10.04.2019), по претходно обезбедени судски наредби за претрес поради сомнение за сторено кривично дело компјутерска измама, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР изврши претреси на објекти во кои престојува Т.А.(35) од Велес, и тоа на ул.„23 Октомври“ во Скопје и на ул.„ Орце Мартинов“ во Велес.

При претересите пронајдени се предмети што потекнуваат и се поврзани со кривичното дело и тоа два GSM gateway уреди, еден уред за поврзување на опремата, еден simbox уред, 38 сим картички и еден мобилен телефон од кој е вршена активација на картичките.

Против Т.А. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство поради основано сомнение за сторено кривично дело компјутерска измама по чл. 251-б од КЗ на РСМ.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презема дополнителни активности со цел да се утврди дали пронајдената опрема и сим картички биле користени и за други нелегални активности.

Спонзорирано: