23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Тоше заслужи: Стадионот „Филип Втори“ преименуван во Национална арена „Тоше Проески“

Стадионот „Филип Втори“ ќе биде преименуван во Национална арена „Тоше Проески“. Ваква одлука донела Владата на денешната 129. седница, а на социјалните мрежи објави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Одлуката е во склоп на исполнување на обврските што произлегуваат од преспанскиот договор, а од Владата велат дека Тоше Проески е избран како личност што оставила траен белег во македонската и регионалната современа историја.

Градскиот стадион во 2009 година беше преименуван во Национална арена „Филип Втори“.