Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Невреме низ Македонија

Во наредниот период ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Најсончево, потопло и претежно стабилно ќе биде само во четврток.

Прогноза за 11.04.2019
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 17°С до 24°C
Сончево со мала до умерена облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Прогноза за 12.04.2019
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 13°C до 18°C
Облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Прогноза за 13.04.2019
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 11°C до 17°C
Облачно со врнежи од дожд, локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СПОМНУВААТ МАКЕДОНЦИ: Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

ДЕСК

Следува реконструкција на Владата? ВМРО ДПМНЕ не е задоволна од двајцата министри од ЗНАМ, има незадоволство и кај свои министри, објави СДК

ДЕСК

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев ги расчисти шпекулациите: Законски не е можно Иванов да ги аболицира осудените за 27. април

ДЕСК

Премиерот Зоран Заев не очекува претседателот, Ѓорге Иванов да ги помилува осудените од настаните во Собранието, на 27 април. Запрашан, дали е можно Иванов да ги помилува осудени пред истекот на мандатот, по повод неколкуте барања кои пристигнале до неговиот Кабинет, Заев изјави дека законски не е можно да се случи тоа.

„Не очекувам аболиција од претседателот Иванов. Не постои такво нешто како законска можност. Со последното давање на аболицијата и со поништувањето, по закон претседателот тоа право не може да го искористи повеќе“, изјави Заев.

Семејствата на 14 осудени за настаните од 27 април во Собранието поднеле барање за помилување до претседателот Ѓорге Иванов. Барање за помилување поднесено е и за ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, кој беше осуден на 18 години казна затвор.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СПОМНУВААТ МАКЕДОНЦИ: Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

ДЕСК

Следува реконструкција на Владата? ВМРО ДПМНЕ не е задоволна од двајцата министри од ЗНАМ, има незадоволство и кај свои министри, објави СДК

ДЕСК

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК