Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев ги расчисти шпекулациите: Законски не е можно Иванов да ги аболицира осудените за 27. април

Премиерот Зоран Заев не очекува претседателот, Ѓорге Иванов да ги помилува осудените од настаните во Собранието, на 27 април. Запрашан, дали е можно Иванов да ги помилува осудени пред истекот на мандатот, по повод неколкуте барања кои пристигнале до неговиот Кабинет, Заев изјави дека законски не е можно да се случи тоа.

„Не очекувам аболиција од претседателот Иванов. Не постои такво нешто како законска можност. Со последното давање на аболицијата и со поништувањето, по закон претседателот тоа право не може да го искористи повеќе“, изјави Заев.

Семејствата на 14 осудени за настаните од 27 април во Собранието поднеле барање за помилување до претседателот Ѓорге Иванов. Барање за помилување поднесено е и за ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, кој беше осуден на 18 години казна затвор.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +