7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски е жртвуван од владејачката партија

Да знаеше Оливер Спасовски дека СДСМ има барем минимална шанса да добие поддршка од граѓаните на претседателските избори, тогаш ќе опстоеше во намерата да се кандидира, реагира ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата смета дека Заев и Спасовски го жртвувале Пендаровски, бидеќи знаеле дека ќе загубат.

„Спасовски знае дека нивната неспособност и криминогеност се препознаени и затоа заедно со Заев решија да го жртвуваат Пендаровски кој треба да ги изгуби изборите. Затоа Спасовски и Заев одат со старите катастрофални лаги и дополнително го закопуваат Пендаровски“, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Според опозицијата во земјата никој не се чувствува безбеден.

„Со Заев, Спасовски, Пендаровски и нивниот крими картел, никој не се чувствува безбеден на улиците.
Мајката на исчезнатиот Пино, родителите на брутално ликвидираниот Мартин и семејството на избодениот Филип се најдобриот доказ дека во Македонија мафијата е на власт. Во Прилеп полицаец уби и запали човек. Во Шуто Оризари полициски службеници се пресметуваа меѓу себе, а соработници на Спасовски рекетираа луѓе оддавајќи ПИ мерки. Тоа е хаосот што го креираа Заев, Спасовски и советници како Пендаровски“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата додава и дека за теоретско и практично тестирање за полагање на возачките испити, милионски суми биле дадени на фирми без никакво искуство, кои биле регистрирани непосредно пред изборот. ВМРО-ДПМНЕ вели дека тоа е доказ за приоритетите на крими картелот.

Можеби ќе ве интересира

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК

Итно процесуирано едно лице за предизвикување меѓуетничка омраза, МВР и ОЈО продолжуваат да постапуваат

ДЕСК