Денеска за малку ќе беше црн ден за македонскиот фудбал. Ќе настрадаше голман на Вардар во пионерска конкуренција, објави порталот СПОРТ МЕДИА.
-Многу среќа и присебност на присутните беа доволни да се спаси животот на младиот фудбалер и тоа на мечот од пионерската лига меѓу домашните Њу Старс и Вардар, кога во еден судир со домашен играч голманот на Вардар паднал во безсознание, пишува порталот.
СПОРТ МЕДИА пишува дека голманот загубил свест.
-За среќа тука се нашол лекарот на домашните кој имал апаратче за вадење на јазикот и тоа го спасило младиот фудбалер, инаку ќе се случело трагедија, пишува порталот.