22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Анѓушев откри одлична вест пред македонската јавност: Имаме реален економски диалог со Грција – На 1 април ни доаѓаат бизнисмени заедно со премиерот Ципрас

На прашање дали 70 бизнисмени од Грција заедно со премиерот Ципрас доагаат во земјава на 1 април, вицепремиерот Кочо Анѓушев во отвореното студио на 1ТВ потвдри, но соопшти дека дефинитивната бројка на бизнисмени ќе се знае во текот на утрешниот ден.

“Отсекогаш ние најмногу сме соработувале во нашиот регион. И во времето кога политичките односи на нашата држава со Грција не беа најдобри и тогаш имаше сериозна економска соработка и Грција беше меѓу првите три во трговска размена и соработка и секогаш била наш економски партнер.

Природно е да сме упатени едни на други, тука е и Солунското пристаниште кое е најблиско до нас за евтин транспорт на стоки и кога ќе видите дека ова пристаниште во голем дел работи за нашите компании, тоа е доволен доказ за обемот на соработката.

Со ова не би рекол дека се сака да се покаже политичка порака, туку дека е нормален слет на политички настани. Со затоплувањето на односите и со решавање на долгогодишното проблематично прашање, се отвора многу простор за економска соработка.” рече Анѓушев, кој најави дека ќе биде решен проблемот и со двојното оданочување со што се очекува голем број инвестиции од таму да дојдат во нашата држава и како гринфилд.

“Дојран стил најавува инвестиција од 75 милиони евра и други компании, и тоа во делот на производството, во фабрики и слично.

Кога ќе направите добар амбиент и економската соработка се одвива подобро. По потпишување на договорот со Бугарија, во рамките од една година размената со оваа земја порасна за 11%. И сега имаме исто така двоцифрен раст во размената со Грција. И тоа ја прави климата за економска соработка.” потенцираше вицепремиерот Анѓушев во гостувањето на 1ТВ.