23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Вечерва се огласи министерката Дескоска: Саатот на ВМРО ДПМНЕ им доцни четири часа

Денеска ВМРО-ДПМНЕ два пати покажа дека живеат во паралелна реалност: прво тврдеа дека сме прифатиле нешто што никогаш не сме им прифатиле, напиша на социјалните мрежи, министеркатаза правда Рената Дескоска.

– Вечерва тврдеа дека доставиле во пишана форма амандмани во Министерството, па потоа рекоа дека пратиле на мејл. Ама дознавме и дека не живеат само во паралелна реалност, туку и саатот им доцни – најмалку 4 часа. Но, според постапките изгледаат изгубени и во времето. Само не ми е јасно зошто им требаше целата оваа драмолетка?!, прашува Дескоска.

Претходно лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на тв дуелот со премиерот Зоран Заев, објави дека ВМРО ДПМНЕ пратиле амандмани до Министерството за правда во врска со Законот за СЈО.

Информацијата се покажа како неточна, откако новинар на Centar.mk го праша портпаролот на Министерството за правда дали сте пристигнати амандманите, кој за нашиот медиум нешто по 19 часот изјави дека до крајот на работното време не се пристигнати амандмани од ВМРО ДПМНЕ, па така целата ситуација со тоа дали амандманите се стигнати во Правда или не стана топ тема вечерва.