Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА СЛУЧАЈОТ ВО САРАЈ: МВР поднесе кривични пријави и против двајцата млади

Случајот со наводната полициска бруталност во Сарај доби нов тек. МВР соопшти дека двајцата млади биле цел на акција поради сомнение за купопродажба на марихуана и дека при обидот за бегство на еден полицаец му бил одземен службениот пиштол.

Против двајцата се поднесени кривични пријави, додека Внатрешната контрола паралелно ја продолжува постапката за можни неправилности во полициското постапување. Претходно беше најавена дисциплинска постапка против шестмина полицајци.