Лидерот на бугарската партија „Има таков народ“, Слави Трифонов, излезе со остри пораки по случајот со Ива Михаилова и тврдеше дека Бугарија нема да ја предаде на македонските власти.
Во објавата тој повторно изнесе ставови со кои го оспорува македонскиот национален идентитет и зборува за идна асимилација. Изјавата дополнително ја засилува политичката тензија околу случајот.


