Под влијание на висок воздушен притисок во текот на новата седмица времето ќе биде стабилно и релативно топло. Во претпладневните и вечерните часови по одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска.
Прогноза за 08.12.2025
Минимална температура: 0°C до 8°C
Максимална температура: 8°C до 15°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Прогноза за 09.12.2025
Минимална температура: -3°C до 6°C
Максимална температура: 9°C до 16°C
Сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Прогноза за 10.12.2025
Минимална температура: -2°C до 7°C
Максимална температура: 9°C до 17°C
Сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.


