Општина Илинден останува посветена на транспарентната комуникација со граѓаните. Во таа насока, во просториите на Општина Илинден се одржа oтворен ден, на кој граѓаните ги презентираа своите идеи и предлози за формирање на Буџетот за 2026 година.
Градоначалникот Александар Георгиевски, заедно со претставници од општинската администрација и директорите на јавните претпријатија, оствари директна средба со граѓаните. На средбата граѓаните ги претставија своите конкретни предлози и проекти, со што директно учествуваат во распределбата на средствата на Буџетот за наредната година.
Сите предлози и барања доставени до Општина Илинден, ќе бидат темелно разгледани и анализирани од страна на стручните служби. Согласно финансиските можности и издржливоста на предложените проекти, тие ќе бидат вклучени во Програмата за работа и Буџетот на Општина Илинден за 2026 година.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


