Centar.mk
NIKOLA GRNCHAROV
-ЛОКАЛНО

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес оствари пријателска и содржајна средба со амбасадорот на Суверениот воен ред на Малта, Н. Е. Франческо Саверио Џусти

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес оствари пријателска и содржајна средба со амбасадорот на Суверениот воен ред на Малта, Н. Е. Франческо Саверио Џусти.

На средбата градоначалникот ја претстави својата програма и определбата динамично да работи на нејзината реализација, со цел Скопје да се развива како достоинствен, уреден и урбан град.

Разговорите поминаа во позитивна и конструктивна атмосфера. Двајцата соговорници разменија идеи за проширување на соработката во повеќе области, како и за продлабочување на традиционално добрите односи со Суверениот воен ред на Малта.

Градоначалникот Ѓорѓиевски изрази увереност дека ваквиот отворен и пријателски дијалог ќе овозможи нови перспективи и заеднички успеси во периодот што следи.

Можеби ќе ве интересира

error: Соддржината е заштитена.