Млад човек доживеал несреќа доцна синоќа откако со својот автомобил удрил во излогот на аптека во централниот дел на Пловдив. Инцидентот се случил околу 22:00 часот, јавуваат бугарските медиуми.
Според очевидци, автомобилот се движел со голема брзина кога се судрил со такси, а неколку секунди подоцна продолжил по својот пат и се забил во излогот на аптеката. Продавницата во тој момент била затворена, со што се спречиле повреди.
„Го видов автомобилот – црниот Сеат – како вози многу брзо. Такси доаѓаше зад аголот и возачот нагло закочи, но не можеше да застане. Удри во таксито, а потоа отиде право во аптеката“, изјави очевидецот Иван Чананчалиев за БТВ.
Полицијата извршила увид на местото на настанот. Причините за несреќата се разјаснуваат./Извор:Makfax
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


