Centar.mk
фото АИ
РЕГИОН

ВОНРЕДНА ОДЛУКА: Српската влада одлучи да забрани извоз на нафта и сите нафтени деривати за моторни погони

Како што пренесувааат дел од српските медиуми, со цел да се заштити домашниот пазар од недостиг и зголемување на цените, Владата на Република Србија на утрово одржаната вонредна седница одлучи да го забрани извозот на нафта и сите нафтени деривати за моторни погони. Одлуката важи до 19 март.

„Забраната се однесува на извозот на дизел, бензин и сурова нафта со сите видови транспорт до 19 март, по што ќе донесеме дополнителни одлуки. Суштината на оваа забрана е да се заштити домашниот пазар од недостиг и зголемување на цените поради глобалните нарушувања на светскиот пазар“, изјави министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.

Можеби ќе ве интересира

Немири во Албанија поради проектот на зетот на Трамп: демонстрантите се обидоа да ги урнат оградите

C +

МАКЕДОНЦИ УАПСЕНИ ВО ХРВАТСКА: Со налепници биле оштетени знаци, патокази и информативна табла

ДЕСК

Вучиќ со порака од Пекинг: Можно е наскоро да поднесам оставка

C +