Centar.mk
фото Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Власта измислува изговори за да не продолжат реформите и европскиот пат

Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска – портпаролка

Сметаме дека ова е само уште еден измислен изговор да не продолжат реформите и да не продолжи европскиот пат на земјата, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска во одговор на новинарско прашање за ставовите на власта дека ќе бара нов протокол.

„Граѓаните чекаат владата да направи исчекор кон европскиот пат на земјата и да испорача реформи. Граѓаните се веќе уморни од нови празни зборови. Велеа дека можат да обезбедат подобар договор со Бугарија, дека можат да обезбедат нова преговарачка рамка, дека се во периметарот. Ништо од тоа не се случи. Сметаме дека ова е само уште еден измислен изговор да не продолжат реформите и да не продолжи европскиот пат на земјата.“ рече Кузеска.

Можеби ќе ве интересира

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

C +

Сиљановска-Давкова по средбата со Руте: Најголема гаранција за мирот и безбедноста на Западен Балкан е негова итна и целосна интеграција во ЕУ

C +

Димитриеска-Кочоска: Растот на БДП во четвртиот квартал од 2025 година е потврда на одговорниот пристап на Владата и позитивните економски движења

C +