Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

УЖАСЕН НАПАД ВО УЧИЛИШТЕН ДВОР: 13-годишно дете претепано од малолетници – настанот сниман со телефон!

На 18 ноември 2025 година, во 14:30 часот, во СВР Скопје била поднесена пријава од 40-годишен маж, кој информирал дека на 15 ноември 2025 година, околу 15:00 часот, во дворот на основното училиште во селото Љубош, општина Студеничани, неговиот 13-годишен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои претходно ги познавал.

Во истиот момент, трет малолетник го снимал нападот со мобилен телефон.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

error: Соддржината е заштитена.