Centar.mk
фотографијата е илустративна / Pixabay
МАКЕДОНИЈА

ТЕШКА НЕСРЕЌА МЕЃУ СМОКВИЦА И ПРДЕЈЦИ: Товарно возило излета од патот – двајца тешко повредени!

На 18 ноември 2025 година, околу 13:45 часот, на регионалниот пат меѓу селата Смоквица и Прдејци во гевгелискиот регион, товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 35-годишен маж од селото Добрејци, изгубило контрола и излетало надвор од патот.

Во незгодата тешки телесни повреди добиле возачот и 43-годишен сопатник од Струмица, додека 48-годишен сопатник од Струмица се здобил со полесни телесни повреди. Повредите биле констатирани во Здравствениот дом Гевгелија.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Гевгелија.

error: Соддржината е заштитена.