Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Македонија под закана од поројни врнежи и ударен јужен ветер: Доаѓа сериозно невреме – детална прогноза за следните 4 дена

Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови во форма на невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината ќе бидат пообилни (15-25 l/m2). Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 19.11.2025
Минимална температура: 6°C до 11°C
Максимална температура: 12°C до 18°C

Облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 20.11.2025
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 14°C до 20°C

Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 21.11.2025
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 13°C до 20°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h).